сабота, 3 мај 2025

Битолската СФЕРА демантира дека злоупотребила европски пари

Невладината организација СФЕРА Интернешнал – Битола ги демантира наодите околу злоупотреба на европски фондови кои со соопштение на веб-страницата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беа објавени на 14 април овој месец.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштение за јавноста, СФЕРА Интернешнал-Битола повикуваат за „воздржаност од ширење на непотврдени информации кои можат да нанесат штета на угледот на една сериозна организација која долги години работи исклучиво во интерес на младите и општествениот развој“.

„Во своето досегашно работење, СФЕРА има реализирано над 100 интернационални проекти без никакви прекршувања на процедурите, со финансиска и програмска отчетност. Организацијата има соработувано со голем број донатори, вклучувајќи ги Европската Унија, странски амбасади, локални самоуправи, фондации и интернационални мрежи. Преку нејзините активности, СФЕРА има опслужено над 5.000 млади од Македонија, поддржано преку 300 странски волонтери и обезбедила можности за развој, мобилност и активизам кај младите од сите заедници. Целата своја работа ја извршува транспарентно, отчетно и во согласност со највисоките етички и професионални стандарди“, се наведува во соопштението на невладината организација.

Во духот на почитување на правната држава и процесот на проверка, од СФЕРА Интернешнал  посочуваат дека нема да изнесуваат дополнителни информации во јавноста сѐ додека не се расчисти случајот и не се добијат официјални заклучоци од надлежните институции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ