недела, 14 декември 2025

Берово: „Огнот не простува, шумата е живот“

На плоштадот во Берово викендов се одржа едукативно-информативен настан под мотото: „Огнот не простува – а шумата е живот“, со цел подигнување на јавната свест за значењето и заштитата на шумите, како и за важноста од превенција и навремена реакција при шумски пожари.

Објавено на

часот

Сподели

Од настанот беше испратена силна порака: „Обучени и опремени професионалци на терен ни требаат за гаснење, свесни граѓани и најмлади со вистински вредности ни требаат за одговорно живеење – но законски измени и системски решенија се клучни за спречување на шумските пожари во иднина.“

Настанот се одржа токму додека на планината Готен беснееше повеќедневен пожар, кој опожари огромна шумска површина и се заканува да ги зафати блиските населени места. Тоа беше дополнителен повод да се испрати повик за мобилизација и заедничка акција – за поддршка во гаснењето, но и во спречување на понатамошно ширење на огнената стихија. Настанот го отвори Дина Муцунска од Еко-зелено движење, Берово, која зборуваше за опасностите од пожарите, улогата на човечкиот фактор, илегалната сеча и итната потреба од пошумување. Нејзината порака беше недвосмислена: „Шумите се наш најголем сојузник во борбата со климатските промени. Малешевијата веќе трпи последици. Ако не делуваме сега – утре ќе биде доцна.“

Градоначалникот на Берово, Ѕвонко Пекевски, ја потенцираше важноста на солидарноста и локалната вклученост: „Секој од нас може да биде дел од решението. Пожарите не прашуваат – тие бараат заеднички одговор.“

Претставници од ТППЕ Берово ја пренесоа суровата реалност од теренот – борбата со огнот, ризикот, храброста, заморот… Нивните зборови и искуства беа сведоштво кое никого не оставија рамнодушен.

Војо Соколовски од Националното здружение на приватни шуми зборуваше со длабока загриженост: „Шумите не се само дрвја – тие се белите дробови на земјата, засолниште за животот, извор на вода, храна и воздух. Без нив – нема ништо.“

Бојана Станојевска Пецуровска од Центарот за климатски промени повика на конкретни и итни законски измени: Забрана за сеча и стопанисување со дрва на опожарени подрачја. Забрана за трансформација на опожарено земјиште во градежно. Строги казни за подметнувачите на пожари.

„Само вака ќе ставиме крај на пожарите подметнати од алчност – и ќе ја зачуваме природата за генерациите што доаѓаат.“

Организатори и партнери на настанот се Еко-зелено движење – Берово и Центарот за климатски промени, со поддршка од Општина Берово, ТППЕ Берово, Подрачно одделение на ДЗС Берово, ЈП Национални шуми/Шумска полиција, НЗ Приватни шуми, ДПД Пехчево, Локалната градинка „23 Август“ – Берово. Настанот се реализираше во рамки на проектот: „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелена агенда за Западен Балкан на локално ниво“, финансиран преку програмата Цивика Мобилитас, со поддршка од Владата на Швајцарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ