сабота, 3 мај 2025

Бела пена и мртви риби и ракови по Дојранско Езеро (ФОТО)

По брегот на Дојранско Езеро, на потегот меѓу Стар и Нов Дојран, денеска не е баш пријатно да се шета. Бела пена и мртви риби и ракови има насекаде по брегот на овој потег.

Објавено на

часот

Сподели

Веќе неколку часа се обидуваме да добиеме некаква официјална информација од надлежните институции – Државниот инспекторат за животна средина и Министерството за земјоделие, но засега нема никаква информација. Дури ни беше посочено дека надлежен бил и Хидробиолошкиот завод од Охрид или Сточарскиот институт, кои треба да го утврдат поморот.

Штом ќе добиеме каква било официјална информација, веднаш ќе ја објавиме. Дотогаш погледнете ги овие не баш пријатни глетки од брегот на Дојранско Езеро.

 

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ