вторник, 15 јули 2025

Барањето на Левица да им се достават патните трошоци на пратениците го одложи изборот на министер за здравство

По барање на пратеничката група на Левица денешната 54. собраниска седница е одложено за еден час. Пратеникот на Левица, Борислав Крмов побара пауза од еден час бидејќи, како што рече, сѐ уште не добиле одговор на доставеното барање на пратеничката Јована Мојсоска во јануари во кое се бараат исплатените патни трошоци и кирии за 2024 за сите пратеници.

Објавено на

часот

Сподели

„Ние и денеска принципиелно ќе бараме пауза од еден час по член 87 став 2 сѐ додека обврската на генералната секретарка која седи позади мене не биде остварена кон нашиот пратеник Јована Мојсоска, т.е целосно да ги даде податоците од патните трошоци кои веќе подолго време се кријат во Собрание“, рече Крмов.

Предлог-текстот за Алиу доставен од Владата и потпишан лично од премиерот Христијан Мицкоски, ја содржи биографијата на кандидатот. Во неа се наведува дека Алиу е дипломиран електроинженер и доктор по информатички науки кој моментно ја извршува функцијата редовен професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии при Универзитетот на ЈИЕ во Тетово. Алиу беше министер за информатичко општество и администрација во 2023 и 2024 година, а, согласно доставеното ЦВ, бил и на други високи и одговорни позиции.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на 49. собраниска седница му одговори на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, потенцирајќи му дека во законскиот рок пратеничката добила одговор, но потоа побарала подетални информации за кои како што рече спикерот, ќе им бидат доставени побараните информации откако ќе бидат изработени.

„Ќе добиете еден час пауза, но само да ви кажам дека сум известен јас како претседател и генералната секретарка и работиме на случајот. Знаете дека во законскиот рок ви беше одговорено. Вие баравте подетални информации. Информациите се изработуваат и ќе ви бидат доставени. Нема никаков проблем. Никој од ништо не бега, ниту се плаши, ниту се крие. Ќе ги добиете. Не разбирам зошто барате пауза, кога сакаме да работиме. Но, го почитувам вашето барање и ќе ви дадеме еден час пауза“, рече тогаш Гаши.

Собранието денеска во рамки на 54. седница треба да го разгледа владиниот предлог Азир Алиу да биде министер за здравство. На седницата, според дневниот ред, е и предлогот за именување на Албрим Хоџа за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ