четврток, 12 февруари 2026

Барањата од ДУИ се националромантичарски теми од минатиот век, вели министерот за правда Филков

Министерот за правда Игор Филков денеска даде одговор на најавите од ДУИ дека ќе бараат негова кривична одговорност поради неможноста правосудниот испит да се полага на албански јазик. Тој оцени дека ваквите барања се „националромантичарски теми“, кои, како што рече, им припаѓаат на политичари од минатиот век.

Објавено на

часот

Сподели

„Сметам дека националромантичарските теми се важни за оние политичари од минатиот век. Како што кажав, ние работиме чисто и решително на стабилност, просперитет и владеење на правото, сѐ друго  ќе биде оставено на тажната страна на историјата“, изјави министерот по 18. сесија на работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) во рамките на Националната конвенција за ЕУ, што се одржува денеска во Скопје.

Во однос на изјавата на лидерот на Беса, Билал Касами, дека министерот за правда би можел да биде меѓу функционерите што ќе бидат засегнати од реконструкција на Владата, Филков возврати дека владеењето на правото ќе важи за сите.

„Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер, а кој не. До тогаш владеењето на правото и почитувањето на Уставот ќе важат за сите“, рече Филков.

Запрашан дали се можни измени на законите во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, министерот кусо одговори дека „во моментот таква можност нема“.

На прашањето за тоа каде Македонија затајува бидејќи извештаите покажуваат дека корупцијата во државата е голема, Филков истакна дека очекува „новите законски решенија многу бргу да донесат прогрес“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ