вторник, 1 април 2025

Бајрамска порака на реисот Шаќир Фетаи

Утре е празникот Фитер Бајрам, кој е ден на радост и гордост за верниците кои со посветеност и побожност ги исполнија обврските од месецот Рамазан, постот и другите ибадети. Денес се разделуваме од светиот месец Рамазан, и му благодариме на sемоќниот Алах што ни овозможи да го доживееме овој благословен месец во кој сведочевме дека постот е божествена обврска, чин на силно верување и свест за посветеност кон Бога, се вели во честитката на реисул улема на Исламската верска заедница Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи.

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на овој месец, нашите срца беа исполнети со верба и знаење, го подигнавме моралот, почитта, солидарноста, хуманоста, толеранцијата и мирот. Овој месец не охрабри да работиме за мирна, светла и позитивна иднина.
За верникот, празникот Фитер Бајрам е кулминација на овие заложби и ден на голема радост. Тоа е ден на победата на верата над неверието, победа на доброто над злото, победа на знаењето над незнаењето, победа на мирот над војната, победа на солидарноста над поделбите, победа на почитта над омразата и победа на човечноста над нечовечноста.
Фитер Бајрам е посебен ден, ден кој ја истакнува нашата длабока благодарност за нашата посветеност на семоќниот Алах. Затоа, нека овој празник биде можност да ги зајакнеме нашите врски со другите, да изразиме љубов и почит кон нашите семејства, да подадеме рака за помирување и да се грижиме за оние на кои им е потребна помош.

Браќа и сестри,

Имам посебна чест, во име на Исламската верска заедница и во мое лично име, да ги пренесам најискрените честитки до сите верници, каде и да се наоѓаат, молејќи го семоќниот Аллах да го прифати нашиот пост, молитвите и ибадетите и да не награди како што само тој знае. Честит Фитер Бајрам! Нека е за многу години за сите“, се вели во бајрамската порака на реисот Фетаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ