Тоа што претставуваше суштински и институционален проблем, а тоа е балансерот, рече Мицкоски, ние презедовме мерки да го надминеме.
„Знаете, ние понудивме закон за првична застапеност кој покрај етничката, ќе има компонента која ќе оценува според квалитет и компетенции. Тој е во Венецијанската комисија. Се чека мислење така што очекувам кога ќе го добиеме тоа мислење тој закон да го донесеме“, рече премиерот.
Медиумите кои ја пренесоа изјавата пишуваат дека Филков не одговорил во која насока би одело можното менување на Бадентеровото мнозинство.






