По направените анализи на економските показатели кои во еден дел покажуваат надолен тренд, Владата осмисли и започна кампањата насловена како „Македонско најдобро” со цел да се подигне свеста кај купувачите за домашните прехранбени производи и стимулира домашното производство. Така, делувајќи заеднички – Владата, министерството и бизнис секторот, ќе се врати довербата во нашето знаење, во нашата рака и во нашиот потенцијал, а парите ќе завршат во домашната економија. Владата ќе ја има својата улога во промовирање, поддршка и создавање на погодна бизнис клима, компаниите ја имаат својата улога во создавање на квалитетни производи, а ние, како граѓани, ја имаме најважната улога: моќта да избираме.
На почетокот со кампањата беа опфатени само производителите на примарни производи, но сега-во следната фаза, ќе биде опфатена и преработувачката индустрија.
Азески истакна дека ни недостасува цел, а тоа е зголемување на бруто домашниот производ. Само на тој начин ќе ја размрдаме домашната економија. Ова не е повик за затворена економија, туку за отворена самодоверба. Оваа кампања е повик на сите нас – влада, бизнис и граѓани – да се здружиме околу заедничка цел: просперитетот на нашата земја.
Преку купување на производите на Макпрогрес во следниот период, а согласно и повиците на социјалните мрежи обединувањето на овој начин треба да стане пракса за вакви ситуации кои за жал оставаат сериозна трага по различни основи врз функционирањето (општествени, лични, економски и сл.).
Претседателот на Комората Бранко Азески, за рефлексиите на пожарот на Макпрогрес врз домашната економија, но и врз работењето на самата компанија како и за опстанокот на вработените, денеска говореше пред членовите на Управниот одбор. Тој истакна дека е формиран кризен штаб, направена е првична анализа, и во соработка со Макпрогрес се работи на создавање план за делување и на домашен и на регионален пазар да се направи се, за да се избегнат максимално големите трагедии, соопшти Стопанската комора.






