понеделник, 23 февруари 2026

Азески е избран за член на меѓународниот совет на Економскиот факултет во Љубљана

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на 8 март во Љубљана ќе биде промовиран во член на меѓународниот советодавен одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е уште едно признание на нашите напори да воспоставиме врска меѓу науката и бизнисот“, вели Азески за изборот на оваа престижна функција. Членови на советот се значајни имиња од бизнис и универзитетската сфера на Европа, проф. Ана Паула Африкано С. Силва, при Универзитетот во Порто; проф. Ана Бломбек, меѓународен факултет за бизнис во Јеншепинг, проф. Хана Холмс, градски универзитет во Манчестер, Паола Папаниколау, банкарска групација „Intesa Sanpaolo“, проф. Маркус Рудолф, факултет за менаџмент, „Ото Бајсхајм“, Диелдорф, проф. Руперт Заусгрубер, ректор на Виенскиот универзитет за економија и бизнис, Јанез Шкрабец, генерален менаџер на „Riko d.o.o.“, Словенија, Бранко Зибрет, „Kearney“, Австрија.

Економскиот факултет во Љубљана е една од највлијателните и водечки високо образовни институции во образовната и научно-истражувачката област на економијата и бизнисот во Словенија и поширокиот регион која создава идни лидери, иноватори и стратези. Економскиот факултет во Љубљана се фокусира на истражувањето, организирајќи над 30 научно-истражувачки семинари и конференции годишно, чии резултати се објавуваат во водечките светски научни списанија. Лабораториите овозможуваат истражување на пресекот на економијата, финансиите и психологијата, отворајќи ја вратата кон нови решенија за иднината.

Универзитетот во Љубљана е единствениот словенечки универзитет кој е рангиран меѓу 500-те најдобри универзитети во светот, според Академското рангирање на светските универзитети (ARWU), попознато како Шангајско рангирање. Економскиот факултет во Љубљана е на 60-тото место на Шангајската листа.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ