„Изработив апликација преку која може да си проверите во вашиот дом, работно место, околина и во самиот воздух надвор, дали има радиоактивни елементи, https://interaktivnaidnina.com/counter/. На овој линк се активира апликацијата што е веб ориентирана. Сè што е потребно е да поставите врз камерата црн изолирбан и да дозволите пристап до вашата камера. Со тоа ќе ја сопрете светлината да поминува во камерата, а ќе дозволите радиоактивните честички доколку ги има да поминат во камерата. Мојата апликација ќе ги детектира и ќе ги видите со црвена боја. Бројачот ќе ви ги покаже колку пиксели од камерата се бомбардирани од радиоактивни честички. Решенија, има треба да се практикуваат“, вели Ангелков.
Димитрија Ангелков е доктор по електротехнички науки, работи како професор по стручни предмети во средното електро – машинско училиште во Кавадарци. Истовремено, работи на бројни иновации, за кои има добиено и голем број на награди и признанија.






