„Празниците се време за радост, блискост и споделени мигови со саканите. Но вистинското прославување е она по кое сите безбедно се враќаме дома. Затоа не дозволувајте момент на невнимание да ја засени убавината на празникот“, се вели во соопштението на РСБСП.
Оттаму потсетуваат дека доколку се консумира алкохол, не треба да се седнува зад волан. Наместо тоа, се препорачува користење јавен превоз, такси-служба или ангажирање возач кој не консумира алкохол.
„Возете внимателно, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и грижете се за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Сакајте и почитувајте го својот и животот на другите – затоа што секој живот е важен“, се додава во соопштението на РСБСП.






