„Состојбата на пожарот во Јасен повторно се влошува. Огнот тргна нагоре по гребенот. Се приближи кон зелениот пат кој ни е линија на одбрана за да не се префрли од другата страна. Овде се вработени во Јавното претпријатие Јасен поддржани од пожарникари од Македонски Брод, како и возачите и пинцгауерите на ДЗС“, изјави Ангелов.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, до 18 часот на територијата на државава има вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се два, а изгаснати се шест пожари.
Активни се пожарите во Јасен, каде гори мешана шума и во село Калдарец, Китка каде гори мешана вегетација.






