Како што соопштија од ДЗС, на работната средба, Ангелов, заедно со тим од ДЗС, покрај писмено добиени предлози ги сублимирал и усните предлози коишто биле изворно искажани и елаборирани од самите професионални пожарникари согледани во практиката, а претставниците на фирмите за заштитна опрема информирале за можностите на производителите кај нас и во светот.

„Во блиска иднина ќе се конкретизираат предлозите во конструктивни измени во поглед на униформата на пожарникарите, конкретно на работната (секојдневна) униформа, на интервентната и на униформата што се носи при гаснење на шумски пожара, односно пожари на отворено“, велат од ДЗС.






