недела, 28 декември 2025

АМСМ: Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони – Богородица

Сообраќајот на граничниот премин Евзони – Богородица од 12 часот е во прекин, соопшти АМСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Прекинот, како што претходно објави дописничката на МИА од Атина, е во периодот од 11 до 15 часот и од 17 до 21 часот по македонско време, поради блокадите поставени од грчките земјоделци.

Земјоделците кои од 1 декември со нивните трактори се на граничниот премин, и денеска, исто како и вчера најавуваат две четиричасовни блокади на границата за влез и излез од Грција на патнички и товарни возила.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ