понеделник, 8 декември 2025

Активни се три пожари, под контрола е пожарот во Вардариште

На територијата на Македонија во последните 24 часа имаше вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои три се активни, еден е под контрола, а 27 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со криза.

Објавено на

часот

Сподели

Активни се пожарите на териториите на општините Берово (Дрџински рид, месност Стојковото, село Русиново каде гори дабова, букова шума и папрат), Липково (село Никуштак, гори нискостеблеста деградирана шума и дабова шума) и Сопиште (Студеничани, село Умово кон селата Драчевица и Варвара, каде гори мешана вегетација).
Под контрола е пожарто во Општина Гази Баба, ѓубриштето Вардариште.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ