понеделник, 15 декември 2025

Активни се само два пожари – во Велес и Македонски Брод

Утрово спопред информациите на Центарот за управување со кризи активни се само два пожара – еден во Велес, кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци каде што гори мешана шума и во Македонски Брод, помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина каде што гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација. Под контрола е пожарот кај селото Николиќ, на територијата на Општина Дојран.

Објавено на

часот

Сподели

Изгаснати се 18 пожари на териториите на општините Чучер Сандево, Гази Баба, Сарај, Кисела Вода, Битола, Долнени, Кичево, Струга, Штип, Куманово, Пробиштип, Кратово и Теарце.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ