Активни пожари се пријавени во општина Долнени, кај селото Долгаец, каде што гори мешана шума, и во општина Крушево, на влезот од градот, каде што е зафатена депонија.
Под контрола се пожарите во општина Македонски Брод, во повеќенаменското подрачје Јасен, каде што гори мешана шума, како и на планината Кожуф во општина Гевгелија, каде што е зафатена висока шума.
Изгаснати се пожарите во општина Штип, кај селото Судик (стрниште), во општина Дебар, кај селото Елевци (ниска вегетација), и во општина Куманово, во населбата Гоце Делчев (ниска вегетација).






