Активни се пожарите на планината Готен, кој е проширен на териториите три општини, Василево, Радовиш и Берово; продолжува пожарот кај Бешишки Рид, Прилеп; во Македонски Брод ниска вегетација гори кај село Црешнево; во Штип има пожар меѓу селата Драгоево и Селце; шума гори кај селото Јунузлија, Карбинци и во Општина Зелениково кај селото Гумалево гори ниска и мешана вегетација.
Под контрола се пожарите меѓу селата Царевиќ и Смолани, Прилеп, два пожари меѓу селата Локвица, Крапа и Црешнево и селото Грешница, Македонски Брод и меѓу селата Церово и Групчин, Желино.






