На брифинг со новинарите, Трипуновски информира дека идниот месец ќе замине на средба во Брисел која е веќе најавена.
„Во однос на воочените забелешки од Брисел, Трипуновски рече дека не може да каже кога ќе се случи одблокирање на парите и продолжување на целиот процес.
„За ‘чистите’ ИПАРД апликации што веќе се одобрени и се реализираат, појасни министерот, најверојатно ќе излезе во пресрет државата и ќе ги поддржи, а потоа тие средства ќе се компензираат со европските средства од ИПАРД“, истакна министерот.
Во врска со актуелните поплави во земјава, во делот на земјоделството, Трипуновски информира дека по санирање на штетите, ќе се врши проценка. Сега, како што напомена, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) е фокусирано на процесот на санација, заедно со АД Водостопанство.






