Одговарајќи на новинарско прашање, Ахмети изјави дека ДУИ не учествува во сценарија на други коалиции, ниту, како што рече, се користи како резервна гума.
Лидерот на ДУИ упати отворена покана до коалицијата Вреди да ги напушти државните институции, објаснувајќи дека партијата не може да се користи како замена секогаш кога некој одлучува да се повлече.
„Тие сами си ја бираат иднината. Нека останат таму каде што се“, додаде Ахмети.
Освен со Ахмети, албанскиот претседател Бајрам Бегај, денеска на враќање од Софија, Бугарија, во Скопје се сретнал со политичките лидери на Албанците и од власта и од опозицијата.
Првично Бегај се сретнал со лидерот на Демократското движење Изет Меџити, на Алтернатива, Африм Гаши и вицепремиерот Арбен Фетаи за потоа да се сретне со првиот човек на Алијансата за Албанците Арбен Таравари и генералниот секретар Блерант Рамадани.
На средбите Бегај бил придружуван од албанскиот амбасадор во Македонија, Денион Меидани.
„На враќање од Софија неизбежна средба со албанскиот политички фактор во Северна Македонија, посветени на европската интеграција и НАТО“, напиша Бегај на фејсбук.
Во фокусот на средбите била соработката меѓу двете земји и актуелните случувања во земјава и регионот.