недела, 14 декември 2025

80 милиони евра за логистичкиот центар на Лидл во Куманово

За регионалниот дистрибутивен центар (РДЦ) на Лидл во Речица, Куманово инвестирани се 80 милиони евра и креирани се 230 нови работни позиции. Ова е центар на логистички иновации и одржливост, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на овој дистрибутивен центар.

Објавено на

часот

Сподели

„Со повеќе од 75 македонски компании логистичкиот центар претставува симбол на соработка за иновациите и економскиот раст. Логистичкиот центар на Лидл поставува нов стандард за логистика во државава, интегрирајќи ја високотехнолошката ефикасност со еколошката одговорност и ангажманот на заедницата“, напиша на својот фејсбук-профил Христијан Мицкоски.
Во посетата на центарот беше и вицепремиерот Александар Николоски, кој изјави дека оваа инвестиција ќе има позитивно влијание на економијата и ќе го зајакне стопанството. Како Влада сме силно посветени на зајакнување на економијата во Македонија, изјави Николоски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ