Македонија беше апсолутен фаворит во мечот со Гвинеја, но момците на Кире Лазаров многу опуштено влегоа во денешниот дуел, а тоа им овозможи рамноправни 20 минути на Гвинејците. Беше 7-7 кога нашите ракометари се разбудија и направија серија од 6-1 со која се одлепивме, поведовме со 13-8 и покажавме кој е кој во овој натпревар. На полувремето заминавме со предност од 14-10.
Во второто полувреме македонските ракометари го контролираа резултатот и повремено ја зголемуваа предноста до конечни 29-20.
Убедливо најефикасен наш ракометар беше Кузмановски со 12 голови, Кизиќ имаше 15 одбрани. За Гвинеја Корчер постигна четири погодоци.
Во втората фаза Македонија ќе вкрсти со Франција, Австрија и Катар, тоа се трите селекции со кои ќе играме. Ќе пренесеме и еден бод, тој со Унгарија.