По денешниот брифинг за претстојната вежба „Итен одговор 23“, која е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23”, Мејер истакна дека оваа вежба е одличен показател за посветеноста на Македонија во овие активности.
„Ваквите вежби помагаат во градењето на подготвеноста и унапредувањето на оперативните способности на НАТО сојузниците“, рече Мејер.
Според него, силите на Македонија се интегрален дел од демонстрацијата на подготвеноста и интероперабилноста, заедно со партнерите и другите сојузници.
Вежбата „Брз одговор 23“ ќе се изведува во осум земји во регионот, меѓу кои Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина. Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово.
Во делот од вежбата, што ќе се реализира во Северна Македонија, односно на армискиот полигон „Криволак“, во периодот од 22 мај до 2 јуни, ќе учествуваат околу 1 850 припадници на четири НАТО армии – САД, Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, како и една земја партнер, Косово.
Дополнително, Армијата на Северна Македонија со околу 130 припадници ќе учествува во реализацијата на оваа вежба и во Германија, Словенија, Хрватска, Косово и Албанија.
Целта на вежбата е подобрување на воените способности и интероперабилноста на сојузниците и партнерите.