Во еден момент од првото полувреме имавме и предност од два гола разлика, беше 8-6 за Македонија, но следуваше серија од 3-0 за Унгарките кои го свртеа мечот во своја полза. На полувремето имавме негатива од еден гол. Унгарија водеше со 11-10.
Во вториот дел имавме голем пад, Унгарија зголеми на 16-10 и веќе беше јасно кој ќе биде победникот на овој натпревар. До крајот на натпреварот имавме уште еден црн период поради кој Унгарија на крајот славеше со убедливи 29-19.
Сара Ристовска со шест гола беше најфеикасна во нашиот состав, Јанкуловска постигна четири погодоци. Во составот на Унгарија Шацл постигна шест голови.
Ова беше последен натпревар за Македонија на Европското првенство кое го завршуваме со два порази и едно реми.