На листата од педестина земји за процедурите како да се дојде до виза за дигиталните номади, за Македонија пишува дека од 2021 година во оваа земја се најавува воведувањето на оваа виза, но засега таа процедура и цена не е дефинирана. „Можеби тоа ќе биде сторено оваа година. Нема информации за цената на оваа виза, колкави примања на барателот се предвидени, за колку месеци ќе биде превидена визата, дали може онлајн да се аплицира за виза… Македонија има добра интернет мрежа“. Ова се информациите за дигиталните номади опишани за Македонија.
Новата дигитална номадска виза е документ или програма што дава законско право привремено да се работи во други држави. Со ваквата виза, голем број странци сѐ почесто се преселуваат низ европските земји како Португалија, Грција и Хрватска, а продолжуваат да работат со своите клиенти и работодавци.
Дигиталните номади се индивидуални професионалци кои со помош на новите технологии заработуваат и живеат како номади. Тие ги менуваат традиционалните работни места и осмислуваат како би можеле виртуелно да функционираат.