Македонските тенисерки денеска ги загубија трите меча од ривалките од Хрватска, кои важат за фаворитки во оваа зона од причина што минатата година испаднаа од Првата зона и посакуваат експресно враќање, додека Македонија имаше промоција од Третата Европска зона во Втората Евро-африканска.
Во првиот меч Магдалена Стоилковска загуби Леа Бошковиќ (214 ВТА листа) со 2-0 во сетови. Во првиот сет по голема борба Бошковиќ го доби сетот со 7:5 во гемови, додека во вториот сет беше 6:2 за тенисерката од Хрватска. Во вториот меч Лина Ѓорческа почна добро и поведе со 1:0 во сетови откако го доби сетот со 7:5 во гемови против Антонија Ружиќ (210 ВТА листа). Но, во следните два сета хрватската тенисерка беше поуспешна со 6:2 во двата сета што значеше 2-1 во сетови и водство од 2:0 и воедно победа за Хрватска.
Кога победникот беше познат селекторот Димитар Лабудовиќ во двојки им даде шанса на нашите млади тенсиери Ива Данева и Ана Митевска, кои загубија со 2-0 во сетови од Ива Примирац и Леа Бошковиќ.
Македонија го освои второто место во групата и ќе разигрува за пласман од 4-6.место, а противничките и распоредот на мечевите во следните денови ќе биде познат по завршувањето на мечевите во сите групи.