сабота, 19 октомври 2024

Македонија побезбедна држава од Грција, според Глобалниот индекс – ГПИ

Глобалниот индекс на мир – ГПИ (GPI) го претстави годишното рангирање на најбезбедните земји во светот, составено од Институтот за економија и мир, според кое најбезбедна земја во светот за 2023 година е Исланд. На оваа листа Македонија е на 38 место, а од соседите, Грција е на 60-то место, Србија на 65-то, Aлбанија на 40-сето, a Косово на 70-сето место.. 

Објавено на

часот

Сподели

Говорејќи за земјите од Балканот, најдобро, највисоко оценета е Словенија – на место бр. 8., Хрватска е 14-та, а Бугарија е на 30. позиција, Црна Гора – на 45-то место, Босна и Херцеговина  – 61=-то, а Србија е 65-та, што ја прави најлошо позиционирана земја на Балканот.

Најбезбедна земја во светот и за 2023 година е Исланд. Оваа земја во Северна Европа е на врвот на овој список секоја година од 2008 година. Данска е втора на листата, делумно поради ниското ниво на владина корупција, а трета е Ирска, којашто скокна за пет места во однос на лани.

На другиот крај од списокот се земјите погодени од војна, со широко распространето насилство и политичка нестабилност, што ги прави доста несигурни. Авганистан, Јемен, Сирија, Украина, Русија и Јужен Судан се меѓу најнебезбедните држави.

ГПИ ги рангира земјите според широк спектар фактори, од нивото на насилство и криминал до тероризам и меѓународни судири. Овој извештај ја претставува најсеопфатната анализа на трендовите во мирот, економската вредност и развојот на мирот во општествата.

Целата листа е на следниот линк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ