Со состанокот раководеше државниот секретар на МВР Сашо Петрушевски го одржа првиот состанок како национален координатор на Комисијата.
Петрушевски истакна дека мора да има ефикасна соработка помеѓу сите институции и засегнати страни за да се создаде силен и функционален механизам за превенција, заштита на жртвите и гонење на сторителите. Оваа Комисија има клучна улога во спроведувањето на стратегиите и мерките кои ќе придонесат за елиминирање на овој сериозен проблем.
Национална комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција е формирана во 2001 година, со одлука на Влада, со цел да ја следи и да ја анализира состојбата со трговијата со луѓе и илегалната миграција, да ги координира активностите на надлежните институции и да соработува со меѓународните и невладините организации кои се вклучени во решавањето на проблеми од оваа област. Во Комисијата членуваат претставници од МВР, МСПДМ, МНРНТ, МП, МЗ, ДИТ, МОН/БРО, АВРМ, ОЈО за ГОКК и Суд.
Членовите на Комисијата беа информирани и за четвртиот круг на евалуација и посета на групата на експерти за преземање акција против трговија со луѓе (ГРЕТА) со цел мониторинг на спроведувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за преземање акција против трговија со луѓе.