понеделник, 21 октомври 2024

Македонија ќе има свој претставник во финалето на ЕП

На најголемиот фудбалски настан годинава во Европа, свој претставник ќе има и Македонија, нашиот Филип Поповски ќе биде делегат на финалето во Берлин.

Објавено на

часот

Сподели

Шпанија и Англија во недела ќе се борат за насловот шампион на Европа, а дел од големиот натпревар ќе биде и нашиот Филип Поповски.

Филип Поповски, кој е поранешен генерален секретар на ФФМ, во Берлин ќе биде делгат и ќе биде задолжен за се да биде под конец на „Олимпискиот стадион“.

УЕФА од претходно потврди дека главен судија ќе биде Франсоа Летесие од Франција, додека негови помошници ќе бидат Муњие и Рахмуни, исто од Франција. Четврти ќе биде Шимон Марчињак од Полска.

Во ВАР собата главен ќе биде Жером Брисар од Франција, а него помошник ќе биде Италијанецот Масимилијано Ирати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ