Берк Бугариќ и Амар Хусеиновиќ со 6-4 и 6-3 за еден час и 14 минути ја совладаа двојката на Сан Марино Марко Де Роси и Филипо Томесани и донесоа победа на Македонија од 2-1 во партии.
Со оваа победа македонската тениска репрезентација обезбеди опстанок во Третата Европска зона.
Денешниот ден го почнавме со победа на Бугариќ над Матија Мурачани со 7-5 и 6-2 со што поведовме со 1-0.
Сан Марино изедначи на 1-1, откако Обрад Марковски доживеа дебакл против Марко Де Роси, нашиот тенисер во тој меч освои само еден гејм.
Сепак денот го спаси партијата во двојки која ја одиграа Берк Бугариќ и Амар Хусеиновиќ.