На Македонија денеска ѝ требаше победа од најмалку шест разлика, но не само што не успеавме да го направиме тоа, туку и убедливо загубивме.
Почнавме лошо, но одигравме добро во третата четвртина која беше и нашата единствена на високо ниво, благодарение на тие 10 минути на полувремето заминавме со водство од 39-38.
Беше видлив недостатокот од квалитетен играч на центарската позиција во нашата репрезентација, а не функционираше ни нашиот шут.
Во третиот период Естонија ја врати предноста, дојде и до двоцифрена предност, а во последниот период и дополнително ја зголемија за конечна победа од 84-65.
Најефикасен во нашата репрезентација беше Ти Џеј Шортс кој постигна 21 поен, Димитријевиќ даде 20, Маслинко 15. Најдобар кошаркар кај Естонија беше Коцар.
Последниот натпревар на Македонија е во понеделник против Полска во Скопје. Тоа ќе биде ревијален меч без резултатско значење.