Нашиот национален тим одлично го отвори натпреварот, првиот сет го освои со 25-17 и имаше услови да направат изненадување. Сепак, Шпанците се разбудија во продолжение и следните три сета ги доби со идентичен резултат – 25-22.
Капитенот Никола Ѓоргиев одигра одличен натпревар и беше најдобар поединец со 29 поени. По шест одиграни натпревари, Македонија има биланс 1/5 и се наоѓа на десеттата позиција на табелата со пет бода.