Научната конференција со наслов „Македонците и Граѓанската војна во Грција (1946-1949): 75 години потоа“, ќе се одржи во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во Скопје на 29 март (петок), со почеток во 10.30 часот.
Конференцијата ќе биде еднодневна, а се очекува научната конференцијата да ја отвори ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф д-р Биљана Ангелова.
Излагачи на конференцијата ќе бидат и Александар Манојловски, Билјана Ристовска-Јосифовска, Тодор Чепреганов, Танас Вранижовски, Александар Симоновски, Јетон Доко, Александар Литовски, Благоја Марковски, Наташа Аврамовска, Лидија Танушевска, Јасминка Делова-Силјанова…