Килијан Мбапе синоќа организираше проштална забава во Париз на која беше поканет и претседателот на Франција, Емануел Макрон но не и првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.
Новинарите упорно со часови чекаа пред ресторанот за да добијат изјава, и на крајот успеаја да извадат некој збор од мајката на фудбалот.
Фајза Ламари меѓу редови потврди дека Килијан Мбапе ќе биде нов фудбалер на Реал Мадрид.
Запрашана за следниот клуб на нејзиниот син, таа со насмевка на лицето рече: „Мислам дека веќе знаете каде оди“.
По одлуката на Килијан Мбапе да го напушти ПСЖ, со месеци се пишува дека Мадрид ќе биде неговата следна дестинација и само прашање на време е кога ќе пристигне официјална потврда за трансферот во Реал.