57-годишниот Тајсот во рингот ќе влезе против 30 години помладиот Џејк Пол кој веќе некое време има бокс мечеви со славни борци и добро му оди.
Мечот ќе се случи на стадионот каде што играат Далас Каубојс со капацитет од 80.000 гледачи.
Со оглед на популарноста и на двајцата, се очекува мечот брзо да биде распродаден. Директен пренос најави и Нетфликс.
„Многу се радувам што во рингот ќе влезам со Џејк Пол. Он низ годините се промовираше во боксер, така да ќе биде интересно да се види што може да направи желбата и амбицијата на детето против искуството и способноста на ГОАТ-от“, изјави Тајсон.
Џејк Пол својата популарност ја создаде со видеа на јутјуб, но потоа почна да гради боксерска кариера која му оди успешно.
„Сакам да станам светски шампион, а сега имам шанса да се докажам против најголемиот шампион во тешка категорија некогаш, најопасниот човек на сите времиња. Ова ќе биде борба за животот“, рече Пол.
Тајсон имаше едно враќање во 2020 година во егзибициски меч од осум рунди против Рој Џонсон јуниор во Лос Анџелес.
Неговата последна професионална борба беше во 2005 година.
Јасно е дека овој меч ќе биде само за добра заработка на двајцата учесници и забава на луѓето кои сакаат да гледаат ваков циркус.
It’s JAKE PAUL vs. MIKE TYSON — yes, really! — in a LIVE BOXING event at AT&T Stadium you won’t want to miss. Airing live on Netflix Saturday, July 20 #PaulTyson pic.twitter.com/ULXVeCYeH6
— Netflix (@netflix) March 7, 2024