петок, 18 октомври 2024

Мајами и Лејкерс кикснаа дома

Објавено на

часот

Сподели

„Елените“ од Милвоки успеаја да ја смират брзата игра на кошаркарите на Мајами, кои имаа неверојатно лоша шутерска вечер погодувајќи од поле со само 37-отстотна успешност. Згора на тоа, „жешките“ остварија само девет асистенции, што е изедначување на најлошиот учинок во клупската историја. За Милвоки тоа беше втора победа по ред на гостински терен откако сезоната ја почнаа со серија од осум порази.

Брендон Џенингс со 23 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, додека Леброн Џејмс имаше учинок од 28 поени и 13 скока. Една од причините за неуспехот на вицешампионот беше фактот што ја играа четвртата средба во само пет дена, и тоа повторно без повредениот Двејн Вејд.

Ниту скршениот нос во втората четвртина од мечот не го спречи центарот на Индијана пејсерс, Рој Хиберт, да биде еден од јунаците во триумфот на неговиот тим на незгодното гостување против ЛА лејкерс. Тој средбата ја заврши со 18 поени, од кои осум беа реализирани во последниот период.

Коби Брајант на 3,5 секунди промаши тројка за изедначување, а неговиот учинок на крајот беше 33 поени недоволни за триумф на „езерџиите“. За Лејкерси ова беше трет пораз по ред, а дури 11. средба на која не ја надминуваат границата од 100 поени најдолга во последните десетина години. „Пејсерси“, пак, продолжуваат со одличната кошарка сезонава. Тие имаат скор 11-5 што е нивни најдобар старт на сезоната по 2003 година.

РЕЗУЛТАТИ: Вашингтон-Бостон 94-100, ЛА клиперс-Торонто 103-91, Њу Џерси-Шарлот 97-87, Мајами-Милвоки 82-91, ЛА лејкерс-Индијана 96-98.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ