недела, 23 февруари 2025

МАЕИ е регистрирана за учество на парламентарните избори во Албанија, на 11 мај

Централната изборна комисија на Албанија, (ЦИК), објави дека е прифатено барањето на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, и веќе е регистрирана, за учество на парламентарните избори, што ќе се одржат на 11 мај.

Објавено на

часот

Сподели

„Централната изборна комисија на состанок, одлучи по барањето за регистрација на МАЕИ да учествува на парламентарните избори во Република Албанија и истото го прифати, со што таа е една од 22-те политички партии кои се регистрирани за учество на изборите“, се наведува во објавата на комисијата.

Барањето со сите потребни документи, како што претходно изјави за МИА, лидерот Васил Стерјовски, беа доставени на 21 февруари, што беше во рамки на предвидениот рок со изборниот законик, кој завршува на 25 февруари, по што следува рок за пријавување на коалиции.

„Засега немаме став дали самостојно ќе одиме на изборите, или ќе бидеме дел од некоја изборна коалиција. За тоа секако одлука ќе донесе највисокото партиско раководство“, додаде тој.

МАЕИ како политички субјект, во судскиот регистар, е запишана на 8 јуни 2005 година. Првпат како политички субјект учествуваше на локалните избори во 2007 година, од кога редовно е дел од секој изборен циклус во Албанија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ