„Сакам да ги охрабрам сите припаднички на понежниот пол да учествуваат во еден ваков предизвик и да си ја одмерат издржливоста со посилниот пол. Не е важно кој ќе победи, важно е дружењето и стекнувањето нови пријателства“, рече Јаневска.
Меѓународниот натпревар во јадење лути пиперки за првпат се реализираше минатата година, за време на стопанско-културната и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер”.