понеделник, 16 декември 2024

Лукашенко бара гаранции од Русија дека ќе ја брани Белорусија доколку биде нападната

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува агенцијата Белта, Лукашенко рекол дека му се потребни гаранции дека Русија ќе ја брани Белорусија „како своја територија“ во случај на агресија.

На средбата со Шојгу, Лукашенко рече дека рускиот претседател Владимир Путин, со кого претходно разговарале за ова прашање, се согласил со него дека безбедносните гаранции се неопходни и треба да се формализираат, пренесува Ројтерс.

Тие исто така разговарале за борбената обука и кохезијата на заедничките сили на двете земји, вклучувајќи ги руските војници кои се на територијата на Белорусија, а според Лукашенко, „неколку илјади“ руски војници во моментов се во Белорусија, пренесе Белта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ