По трансферот на Нејмар во Париз, нема љубов помеѓу ПСЖ и Барселона, а тензијата нема да се намали и на новата пресметката во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Атмосферата ја подгреа токму Луис Енрике, кој има минато со „каталонците“ и како играч и како тренер.
Запрашан кој подобро го претставува стилот и филозофијата на Барселона, Луис Енрике не се двоумеше мноту.
„Немам сомнеж, јас. Ова не е мислење, погледнете што кажуваат бројките, видите каков е поседот на топката, шансите кои се креираат, високиот пресинг, титулите… Некои можеби мислат поинаку, но немам сомнеж, јас подобро го претставувам стилот и фолозофијата на Барселона“ – вели актуелниот предводник на ПСЖ.