понеделник, 21 октомври 2024

Лудилото мора да сопре, два протести со една цел, да запре бетонизацијата на Карпош

Два протеста за иста цел се одржаа денеска во општина Карпош. Едниот во организзација на партијата Левица другиот го организираше „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“. И едните и другите бараат стопирање на почетокот на изградбата на 17-катниците на просторот зад бензиската пумпа на Макпетрол, веднаш до поликлиниката Букурешт, како и болниците Жан Митрев и 8-ми Септември. Во текот на денов се случи еден протест каде беа навредувани службите, вработените и градоначалникот на Општината. Протестот беше политички организиран и не ја изразува волјата на мнозинството граѓани, реагираа денеска од Општина Карпош.

Објавено на

часот

Сподели

И Левица и Независни за Карпош – за заштита на Карпош бараат од општината да се поништи издадената градежна дозвола и да не се дозволи изградба на овој комплекс згради кој, според нив, се гради во заштитена зона.

„Стоп за бетонизација“, „Министерство за култура одлуки веднаш“, „Правда пред профит“, „Карпош не е Чикаго! Не е Дубаи“, „Преку Стевче ни е!“ беа дел од паролите со кои  граѓани побараа да запре изградбата на 17-катницата.

Од граѓанската иницијатива „Независни за Карпош – заштита за Карпош“ велат дека дозволата за градба издадена од Општина Карпош е незаконска бидејќи се базира на нелигитимно конзерваторско мислење од Националната установа Конзерваторски центар –Скопје.

„Зошто протест? Затоа што можеме да ги смениме работите. Бараме итно институциите да постапат и да го поништат нелегално добиеното конзерваторско мислење. Со нелегитимното издадено мислење оваа издадена градежна дозвола не е важечка. Значи има надеж и затоа сме тука да кажеме дека нема да го премолчиме ова и сите инволвирани во овој процес треба да си сносат одговорност. Ние нема да застанеме, ќе продолжиме и понатаму, но прво е ова да се сопре“, рече на протестот Невена Георгиевска од „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“.

Обвинуваат дека градоначалникот Стевче Јакимовски во тричлената комисија има поставено свои архитекти кои дале амин за изградба и дека ниту една институција не ги почитува законите. Барат надлежните веднаш да постапат и да го сопрат, како што велат, овој криминал во Карпош.

Лудилото мора да сопре, беше главаната порака од протестот организиран од Левица.

Присуствуваа над стотина граѓани од Карпош пред кои се обрати претседателот на Советот на Општина Карпош, Бранко Ристов кој доаѓа од партијата Левица.

„Сите ние сме свесни дека ова е изгласано во 2012 година, но нашата волја не е слушната. Се потрудивме најмногу што можевме да се донесе суспензија со план да се направи ревизија за да се сопре ова лудило. Не ми е јасно која будала има потпишано вакви проекти, од министри, инвеститори, службеници до градоначалници. Овој простор тука е планиран да биде болнички комплекс. Која безбедност ќе се осигура за нашите сограѓани ако не може да стигнат до болница. Мора да имаме во глава дека се работи за болници, сега има застој и замислете плус 1.000 автомобили во хаосот. Тука се сервисни улици за да се стигне до болниците, а потоа е заштитено подрачје. Овој блок на згради ќе биде последната надгробна плоча на Скопје“, рече Ристов.

Во текот на денов се случи еден протест каде беа навредувани службите, вработените и градоначалникот на Општината. Протестот беше политички организиран и не ја изразува волјата на мнозинството граѓани, реагираа денеска од Општина Карпош.

Општина Карпош продолжува да се развива. Ова е наша последна инвестиција која успеавме да ја донесеме која носи со себе вработувања, развој и комуналии кои ќе значат проекти за граѓаните на Карпош. Градоначалникот Јакимовски и општинската администрација овозможија да се оствари капитална инвестиција во станбена изградба во вредност од 50 милиони евра. Оваа инвестиција ќе ја зголеми понудата на станови во општината, ќе влијае на стабилизација на цената, и во исто време ќе обезбеди повеќе од 2.000 работни места. Во оваа седумнаесеткатница која ќе се гради во Карпош 3, ќе работат голем број на армирачи, тесари, ѕидари, лимари, бравари, плочкари, електричари, столари, фасадери, електроничари, а во деловните простори и во фирмите што ќе бидат таму сместени ќе работат преку 300 инженери, економисти, трговци итн. Ваквите инвестиции влијаат на порастот на животниот стандард, обезбедуваат полна вработеност и влијаат на развојот на општината во целина“, пишува во реакцијата на Општина Карпош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ