„Црно-сините“ од Бергамо се во страшна форма, имаат девет победи во низа, не знаат за пораз веќе 14 натпревари и вечерва ќе преноќат на врвот во Серија А откако со 2-1 го совладаа Милан.
Де Кетеларе погоди против својот поранешен клуб и донесе предност од 1-0, но само десет минути подоцна Мората одговори и изедначи на 1-1.
И кога се чинеше дека бодовите ќе бидат поделени, фудбалерите на Милан заборавија на Адемола Лукман при еден корнер, па Нигириецот осамен на подалечната статива со глава ја затресе мрежата во 87. минута за огромна радост на сите во Бергамо.