недела, 22 декември 2024

Локалната рунда од Светскиот ученички куп  (WSC) и годинава се одржува во ПСУ Јахја Кемал

ПСУ „Јахја Кемал“ по шести пат ќе биде домаќин на Светскиот ученички куп. Натпреварот ќе трае од 23 до 25 февруари.

Објавено на

часот

Сподели

Светскиот  ученички куп (The World Scholar’s Cup, скратено – WSC) е меѓународна тимска програма, која опфаќа 50.000 ученици од над 60 земји. Целта на натпреварот е да се  привлечат сите заинтересирани  ученици, што покажуваат интерес за учење вон стандардната наставна програма. Целта на натпреварот е да се  овозможи учество на ученици од различни култури во дебатни прашања од нашата современост. Натпреварот се одвива во забавна и инспиративна атмосфера и е одлична можност, учениците да ги развиваат своите вештини за критичко размислување.  Овогодишната  тема е  – Реконструкција на минатото (Reconstructing the Past).

На овој натпревар ќе може да се пријават тимови сочинети од тројца ученици од исто или различно училиште. Тимовите ќе се натпреваруваат во четири главни настани: ученички предизвик, пишување во тимови, дебатирање во тимови, и ученички квиз. Покрај четирите главни настани, се одржуваат и социјални и академски активности од ненатпреварувачки карактер со цел да се постигне пријателска атмосфера помеѓу учесниците.

Тимовите се натпреваруваат во јуниорски и сениорски дивизии, зависно од возраста на учениците. Учесниците кои се на возраст од 14 години или постари се сметаат за сениори. На регионалната рунда во Скопје, јуниорите ќе се натпреваруваат на 23 февруари, а сениорите на 24 февруари. Големото финале за двете дивизии ќе се одржи на 25 февруари.

Тимовите може да се квалификуваат за годишното глобално финале, доколку се освојат доволен број поени на регионалниот натпревар. Турнирот на шампионите во 2024 година е закажан за 14-20 ноември на Јел универзитетот во САД (Yale University New Hawen,Connecticut, USA).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ