„Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска. Или повторување на постапката или функцијата претседател на државата треба да ја преземе Јован Митрески, претседателот на Собранието, како вршител на должност“, наведува Лога во реакцијата објавена на фејсбук и споделена во соопштение до медиумите.
Сиљановска-Давкова, при давањето свечена заклетва, не го употреби уставното име на земјава – Република Северна Македонија, туку го користеше името Македонија.