Министерот Лога бара, Уставниот суд по службена должност да постапува и со другите прописи кои се објавени во спротивност со уставниот рок.
„Непреземањето на соодветни дејствија со цел обезбедување на почитување на уставниот рок, за кои Уставниот суд ,знаел или можел да знае, претставува основа за кривична одговорност.
Од наша страна беше најавено дека со отворањето на Пандорината кутија, Уставниот суд треба да постапува ретроактивно и за другите подзаконски акти каде не е почитуван уставниот рок, по примерот на Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење , заштита и чување на матичните книги и списи“.
Уставниот суд уште во јануари годинава го укина Правилникот за формата и содржината на прекршочнниот платен налог, донесен од министерот за животна средина. Денеска пак, судот го укина Упатството за водење матични книги според кое за да извадат документ од матичните книги граѓаните мораа да се изјаснат на која етничка националност припаѓаат.