сабота, 27 јули 2024
Министерот за правда во одбрана на претседателката на Уставен суд

Лога: ВМРО-ДПМНЕ да не користи говор на омраза кога говори за Кацарска

Остро ја осудуваме деградирачката реторика на политичката партија која претендира да управува со оваа држава. Нападот врз независните институции е неприфатлив јазик за една земја членка на НАТО и земја која се наоѓа пред пристапување во Европската Унија, пишува во реакција на министерот за правда Кренар Лога испратено вечерва до јавноста, а се однесува на соопштението на ВМРО ДПМНЕ поврзано со  претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. Попладнево ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста кажа дека напуштањето на функцијата на Кацарска е празник за правдата.

Објавено на

часот

Сподели

„Како министер и како министертво сме имале период на дебати и со претседателот и со Уставниот суд воопшто, но во ниту еден момент тоа не било причина да се девалвира со јазик на омраза и лични квалификации кои потоа се манифестираат на улица и како закани кон носителите на јавни функции. Сè уште има одлуки на Уставниот суд за кои не делиме исти ставови, но во ниту еден момент истите не смеат да послужат како изговор за оспорување на тие пресуди и деградирачки коментари. Ја повикуваме политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да се издигне на висината на задачата што ја чека, и да не се однесува како во изборна кампања. Патот на консолидирање на демократските институции поминува низ почитување од страна на партиите и релевантните институции“, пишува во реакцијата на министерот за правда Кренар Лога.

Попладнево ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста кажа дека напуштањето на функцијата на Кацарска е празник за правдата.

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска на која функцијата ѝ истекува на 2 јуни годинава, денеска на прес конференција кажа дека со чувство на исполнетост го завршува мандатот и дека правдата секогаш ќе ѝ биде императив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ