четврток, 19 декември 2024

Лога: Судскиот совет да ги повика на одговорност судиите кои одбиле лиценцирано вештачење за Агим Ислами

Поранешниот министер за правда и потпретседател на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, изрази сериозна загриженост поради одбивањето на судиите да дозволат лиценцирано вештачење кое би го докажало невиноста на Агим Ислами. Според Лога, ваквото одбивање претставува не само сериозно прекршување на правниот и уставниот поредок на Македонија, туку и прекршување на човековите права.

Објавено на

часот

Сподели

„Судскиот совет мора да реагира и да ги повика на одговорност судиите кои одбиле да примат лиценцирано вештачење, кое ќе помогнеше во утврдувањето на вистината и докажувањето на невиноста на Агим Ислами. Ова е сериозен удар на правото на фер судење и човековите права“, се вели во реакцијата на Лога.

Тој додава дека жалбата против оваа одлука треба да биде прифатена без никакви дилеми, истакнувајќи дека овој случај ги покажува слабостите во судскиот систем и ја отсликува потребата за негово забрзано реформирање.

„Во исто време, Албанските политички претставници од Вреди, како и преведувачите на ВМРО-ДПМНЕ, по традиција молчат кога станува збор за прекршување на правата на Албанците. Тие го покажуваат своето политичко безсилие и продолжуваат да глумат, додека никој не ги прашува. Ова е срамно“, додаде Лога.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ