На оваа седница министерот Лога ќе побара да се разгледува состојбата во затворите во земјава и состојбата со над 2.800 осудени лица со упатен акт, кои не ја одлежуваат казната поради недостиг на простор а кои претставуваат потенцијална опасност за целото општество и можноста досегашните дела да им застарат, а со тоа да се охрабрат истите да ги повторат.
Посебно писмо, министерот Кренар Лога ќе испрати и до министерот за внатрешни работи и директорите на АНБ и АР, од каде ќе се побараат истите информации.