недела, 20 октомври 2024
Премиерлига

Ливерпул се врати од гол негатива и го совлада Борнмут, тешки порази за Фулам и Вулвс (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Црвените“ се вратија од гол негатива против Борнмут и ги освоија трите бода.

Семењо донесе рано водство за гостите, погоди за 0-1 веќе во третата минута, но Ливерпул до крајот на првиот дел го сврте резултатот.

Диаз убаво се снајде и изедначи на 1-1 во 28. минута, додека пак Салах во 36. минута донесе 2-1, Египјанецот промаши пенал, но прв стигна до одбиената топка и ја смести во мрежата.

Мекалистер доби црвен картон во 58. минута, но и со играч помалку Ливерпул зголеми на 3-1, пет минути подоцна, Жота прв дојде до една топка и реализираше за нова радост.

Брајтон продолжува со одличните партии и со 1-4 триумфираше кај Вулвс. Гостинска победа забележа и Брентфорд, со 0-3 славеше кај Фулам.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ