Двата гола беа постигнати во првото полувреме, најпрво погоди Салах во 14. минута за водство на Ливерпул од 1-0.
Во 37. минута Собослаи реализираше за 2-0, а Салах беше асистент на овој погодок.
По десет минути игра уште еднаш се тресеше мрежата на Сити, но погодокот на Џонс беше поништен поради офсајд.
По ова коло Ливерпул има дури 11 бодови повеќе од Арсенал и натпревар повеќе. Предноста се чини недостижна со оглед на тоа што има уште 11 кола до крајот.